Ракометарите на Еурофарм Пелистер успешно ја завршија и скопската турнеја и со победите во Струга нанижаа шест победи во подготвителниот период. Откако вчера во СЦ „Јане Сандански“ го надиграа Вардар со 21-26, попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ беа подобар ривал во дуелот со Бутел Скопје и славеа со 36-23.
По израмнетиот старт и 5-5 по десетина минута, Пелистер влезе во ритам и дојде до посакуваниот триумф. Висока беше позитивата и на полувреме (16-10), а истата се зголеми на +8 во 48. минута, кога на семафорот во СЦ „Борис Трајковски“ стоеше 28-20, за последните десетина минути да бидат само рутина. Бабиќ им даде шанса на сите ракометари и го продолжи процесот на подготовки и воигрување на екипата.
Битолчани веднаш по натпреварот се вратија во Битола и од утре ќе продолжат да се подготвуваат за настапите во регионалната СЕХА лига и Лигата на Европа.