Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги продолжуваат подготовките за новата сезона и веќе запишаа трета победа во серија. Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона. Во салата „Тодор Александров“, која веќе втора година е база на младите ракометари на Голден Арт КЛ7 во Охрид, битолскиот тим беше поискусната екипа во дуелот.
Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 11-12, а крајниот резултат гласеше 21-23 за Еурофарм Пелистер.
Двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови.
До крајот на подготовките, вториот тим на битолски клуб ќе одигра уште два тешки „теста“, затоа што ќе се судри со Охрид и Еурофарм Пелистер.