Во сабота во Охрид ќе се одржи семинар за тренери на кој присуството на сите што бараат лиценца е задолжително.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Баби како предавач ќе се претстави пред македонските тренери. Хрватскиот тренер ќе зборува за социјалниот-тактички концепт во ракометен клуб. 48-годишниот Бабиќ со хрватската репрезентација освои бронзен медал на Европското првенство во Полска во 2016 година, а ги водеше и екипите на Мешков Брест и Горење Велење.
На семинарот се очекува присуство на преку сто тренери од сите категории низ македонските клубови, а во улога на предавачи се јавуваат Раде Стојановиќ и Андон Бошковски.