Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 oдиграа пријателски натпревар во Прилеп како подготовка на екипите за новата сезона во Суперлигата која започнува на 12 септември. Екипата на Александар Јовиќ забележа победа со 26-32 (12-16.) Горан Кузманоски го немаше комплетниот тим на располагање и прилепчани настапија без повредените Алија Амзоски и Мириан Гавашелишвили.
Битолчани следниот контролен дуел го играат против Голден Арт КЛ7 в петок во Охрид.
Екипата на Еурофарм Пелистер од денес е на мини-турнеа во Скопје, каде во следните два дена ќе одигра два натпревари против Вардар и Бутел. Момците на Жељко Бабиќ в петок навечер се враќаат во Битола.