Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер e МВП на 48-то издание на Струшкиот турнир. Признание доби и голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски кој е најдобар голман во Струга.
Тимур Дибиров од Вардар е најдобар стрелец на турнирот.
Еурофарм Пелистер го освои трофејот во Струга по победата од 26-23 против Вардар, а бронзениот медал замина кај Металург кој во малото финале славеше против Охрид.