По девет години Еурофарм Пелистер повторно е освојувач на Струшкиот ракометен турнир. Во импресивна недела екипата на Жељко Бабиќ ги доби сите четири натпревари, а „шлаг на тортата“ беше финалето против европскиот првак Вардар.
Еурофарм Пелистер го победи фаовризираниот Вардар во финалето со 26-23. Битолчани одиграа храбро и борбено, влегоа мотивирани против фаворитот Вардар, и заслужено победија. Интересно е тоа што Вардар до 50-тата минута постигна само 18 гола, тоа говори за одличната игра на пелистерци во одбраната во ова финале.
Најдобар во победата на Еурофарм Пелистер беше Кушан со седум постигнати гола, одлична беше одбраната и голманите, а лидерска партија запиша и Стипе Мандалиниќ.
Еурофарм Пелистер со ова име го запиша првиот трофеј во Струга а како Пелистер има вкупно 12, колку и Вардар.