Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа над Струга со 28-16 (16-9) и со ова ја запишаа третата победа во групната фаза на турнирот во Струга. Фаворитот сосема очекувано доминираше и успеа да ги казни безмалку сите грешки на противникот.
На полувреме водеше со +7, а во вториот дел одржуваше резултатска рамнотежа и покрај обидот на Струга да се врати во игра.
Тимот на Струга отвори добро во второто полувреме, но потоа одново дојде до мала криза и противникот стигна до двоцифрена разлика. Немаше потреба од премногу форсирање, па главно со мирна игра се чуваше високата позитива која редовно беше 9-10 гола.
Еурофарм Работник утревечер ќе игра со Вардар 1961 во финалето на овогодинешното издание на турнирот во Струга.