Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Охрид со 26-22 (14-13) во натпреварот од третото коло на групата Б на Струшкиот ракометен турнир. „Гладијаторите“ ќе завршат на втората позиција на табелата и ќе разигруваат за бронзениот медал со составот на Металург во финалната разврска, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе игра за седмото место против Струга.
Избраниците на Раде Стојановиќ ја имаа контролата врз играта и резултатот, иако, младите битолчани жилаво се бореа и стигнуваа до егал во неколку наврати.
Одличен натпревар за Охрид одигра Наум Костов кој постигна осум погодоци. На шест застана Филип Николов, а, четири реализираше Николче Ристески. Кај битолчани најефикасен беа Талески и Арсеновски со по четири погодоци.
Натпреварите за пласман се играат во текот на утрешниот ден.