Еурофарм Плистер се пласира во финалето на турнирот во Струга, откако попладнево убедливо го демолира Прилеп со 38-17 во рамките од второто коло на групата А. Пелистерци демонстираа сигурна игра, го контролираа текот на натпреварот и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Еурофарм Пелистер беше толку убедлив што цели 16 минути не прими гол.
За две минути игра во второто полувреме Прилеп намали на 18-12, а потоа започна серијата на битолчани, кои половина полувреме не примија гол. Во ова време Еурофарм Пелистер постигна десет гола и дојде до 28-12. Тука веќе беше и повеќе од јасно кој победува на овој меч односно дека средбата ќе финишира со висока предност за составот од Битола.
Во последниот ден од групната фаза тимот од Битола се среќава со Струга со фаворитска улога. Ова финале е второ по ред за оваа екипа, откако минатата година во натпреварот за титулата загуби од АЕК Атина.