Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз на турнирот во Струга, откако вечерва загуби од европскиот првак Вардар со 33-19. По почетните 7-0 за Вардар, извесно беше како ќе се одвиваат работите. Битолчани првиот гол го постигнаа во 12. минута од средбата.
Комбинираниот тим на Стевче Алушовски продолжи со исто темпо и на одмор обезбедија солидна предност. Во продолжението шанса добија и останатите ракометари во Вардар, а одморија неколку стандардни првотимци во пресрет завршницата од турнирот во Струга. Вардар заокружи со триумф од 14 гола разлика, a Димитриоски беше најефикасен во редовите на „вардарци“ со 10 постигнати гола.
Во последната рунда од групната фаза младите битолчани ќе се судрат со Охрид.