Ракометарите Еурофарм Пелистер 2 со пораз го започнаа учеството на турнирот во Струга на „Женска плажа“. Во првото коло од групата Б, екипата на Александар Јовиќ загуби од учесникот во Лига Европа, скопски Бутел со 21-17 (11-6).
Скопскиот тим имаше убедливо водство од +5 по првото полувреме. Во вториот дел битолскиот тим реагиаше и израмни на 15-15. Битолчани беа во налет, но немаа сили за комплетен пресврт. Бутел поведе со 17-15, а на пет минути до крајот беше 18-16. Скопјани зголемија на 19-16 и до крајот немаше дилеми околу победникот.
За Еурофарм Пелистер 2 ова беше прв меч во Струга, додека Бутел претходно тесно загуби од Охрид. На крајот конечна победа од четири разлика извојува тимот на Бутел Скопје. Во второто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Охрид.