Новиот Еурофарм Пелистер сезоната ја почна со очекувана победа над Металург, прва за новиот тим и тренерот Жељко Бабиќ. Со водство во текот на сите 60 минути, Еурофарм Пелистер запиша победа изразена со два гола разлика на дерби дуелот на стартот на против Металург на Струшкиот турнир со 24-22 (15-12).
Со многу тактичко надмудрување, на крајот се радуваа ракометарите од Битола.
Кушан со пет гола, Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески постигнаа по три кај победничката екипа. во сотавот на Металург се истакнаа, Канкараш, Серафимов и Потиќ кои запишаа по четири гола.
Со оваа победа, Еурофарм Пелистер е блиску до остварување на целта, пласман во финалето на 48. издание на Струшкиот ракометен турнир. В среда екипата на Бабиќ се среќава со Прилеп и со победа може да го осигура финалето и пред последниот натпревар.