Денес беа извлечени групите за традиционалниот струшки ракометен турнир на кој оваа година ќе учествуваат само клубови од Македонија. Поради пандемијата на коронавирус, оваа година струшкиот турнир кој традиционално беше меѓународен, ќе биде составен само од домашни екипи.
Група А: Вардар, Охрид, Бутел и Еурофарм Пелистер 2.
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп и Струга.
Турнирот ќе се игра од 12 до 16 август. Се уште не е познато дали ќе биде дозволено присуство на публика.