Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер обезбеди уште едно, петто засилување за новата сезона. Битолската екипа се засили со Томислав Кушан, кој претходно настапуваше за Натурхаус Ла Риоха во минатите три сезони. Хрватскиот интернационалец потпиша двегодишен договор со македонскиот клуб.
Кушан е висок 200 сантиметри и нема сомнеж дека ќе биде големо засилување и во нападот, но и во одбраната на екипата од Битола.
Во Битола досега пристигнаа и Танкоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Мараш и Периќ, кои треба да му помогнат на Еурофарм Пелистер во борбата во Европа и СЕХА-лигата.