Продолжува екипирањето на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 за сезоната 2020/21. Клубот постигна согласност за продолжување на договорите со талентираните ракометари од Битола. Четворица „бисери“ попладнево ставија потпис на четиригодишен договор со матичниот клуб.
Десните бекови Симон Мирчевски и Дејан Југовски, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Христијан Митревски се дел од младинскиот состав на Фарук Мемиќ. Четворицата денес позираа при потписот со спортскиот директор на клубот Димитар Митревски.
Следната сезона се очекува нивни настап во Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата.