Како и минатата сезона, така и во следната, во ростерот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски ракометар. Од денес нов член на македонскиот суперлигаш е Матео Мараш, младински репрезентативец на Хрватска и голема надеж на ракометните селекции во својата земја. Десниот бек потпиша договор на една сезона.
Станува збор за 20-годишен хрватски младински репрезентативец Матео Мараш, висок е 202 сантиметри, тежок 101 килограм, а во Битола доаѓа од екипата Балиќ-Метличиќ од Сплит. Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје, а паралелно игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во Првата лига.
Танковски и Периќ заедно со младиот хрватски ракометар се новите имиња кај пелистерци. Од тимот си заминаа Митревски, Остроушко, Шевелев и Јотиќ.