Младиот перспективен Марио Танкоски од вчера е нов играч на Еурофарм Пелистер. Танкоски е роден во Струга, има 21 година, игра централен бек и важи за еден од најперспективните играчи во нашата земја.
По потписот со битолчани, Танкоски не ги криеше високите цели.
„Доаѓам во сериозен клуб и нашите амбиции се бидеме шампион на Македонија и да игра на високо ниво и во Европа. Еурофарм Пелистер е добро организиран клуб. Ќе имам можност да работам со одличен тренер и сметам дека овој трансфер е чекор напред во мојата кариера Верувам дека ќе се состави еден силен и компактен тим, добар кој ќе конкурира во Европа и во СЕХА лига“.
Танкоски зад себе остави одлична сезона во која со Металург играше во ЕХФ Купот, а со македонската репрезентација настапи на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска во 2021 година.