Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер денес го претстави првото засилување за сезоната 2020/21. Нов член на битолскиот суперлигаш е 21-годишниот репрезентативец на Македонија, Марио Танковски. Средниот бек денес пристигна во клупските простории во Битола, потпиша тригодишен договор и клубот го официјализираше трансферот.
Танкоски е адут повеќе на клубот за настапите во Суперлигата, Европа и СЕХА лигата. Марио Танковски е еден од најголемите македонски надежи, настапуваше за македонската репрезентација на последното Европско првенство, а во Битола доаѓа од Металург.
Младиот ракометар ќе му се стави на располагање на тренерот Жељко Бабиќ во подготовките за сезоната 2020/21