После денешната седница на Владата клубовите кои викендов имаат предвидени натпревари, добија само препорака на трибините да нема публика. По оваа препорака, а и по реакцијата на Ракометната федерација на Македонија да се почитува истата, РК Еурофарм Пелистер 2 ги информира љубителите на ракометот дека натпреварот од 15. коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Работнилки в сабота 29 фебруари 2020 година ќе се игра без присуство на гледачи.
Поради коронавирусот Владата даде препорака за некои настани да се одложат, но спортските натпревари ќе се играат.
Оваа препорака на Владата ќе биде активна до 6 март, а во зависност од развојот на ситуацијата ќе има нова одлука следниот петок.