Еурофарм Пелистер - Нексе Нашице 24-22(13-10)
Пирова победа за Еурофарм Пелистер, битолскиот тим триумфираше над Нексе со 24-22, недоволно за пласман во четвртфиналето од СЕХА лигата и пресметка против Вардар. Пелистер не успеа да ја надополни негативата од гостувањето кај Нексе. Македонскиот тим во својот деби настап во СЕХА лигата завршува во осминафиналето.
Еурофарм Пелистер:
Митревски 1, Чаневски, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 3, Радовиќ 2, Јотиќ 5, Вегар 3, Кукоски, Велковски 2, Остроушко 3, Ратајец, Граџан 2, Ѓукиќ 1, Кузманоски, Петровски
Седмерци: 0/1
Исклучувања: 4 минути
Нексе Нашице:
Цар, Радовановиќ, Етер 2, Милета 1, Баришиќ Јаман, Думенчиќ, Греганиќ, Јелиниќ 2, Вида 1, Северец 5, Пешиќ 2, Кевиќ 4, Томиќ 1, Јагањац 1, Возаб 1, Прибетиќ 2
Седмерци: -
Исклучувања: 8 минути
Јотиќ со пет голови беше најефикасен кај Пелистер, по три реализираа Маџовски, Вегар и Остроушко, Митревски имаше осум одбрани. Кај Нексе најдобар беше Северец со пет голови, Кевиќ постигна четири, одличен беше и Морено Цар со 11 одбрани.
Пелистер со овој натпревар го завршува настапот во СЕХА лигата, а Нексе во четвртфиналето ќе игра против Вардар кој директно се пласираше таму.