Вечерва во преполниот анфитеатар на ФИКТ се одржа 55. по ред манифестација „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.
Официјалниот дел, доделување на признанија на најдобрите за минатата година заврши со прогласувањето на најдобриот спортист за 2019 година, голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски.
Еурофарм Пелистер е прогласен за екипа на годината, признание кое го добива втора година по ред.