Еурофарм Работник - ППД Загреб 27-28 (12-16)
Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник загуби на свој терен од ППД Загреб со 27-28, за уште еден пораз на битолчани со еден гол разлика оваа сезона.
Тимот на Вујовиќ водеше во текот на целиот меч, највисоката предност им беше од четири гола разлика со која и отидоа на полувремето (12-16). Во финишот од мечот домаќинот намали, но ниту еднаш не успеа да го сврти мечот. На крајот Загрепчани заслужено дојдоа до победата од 28-27.
Најефикасен во тимот на Еурофарм беше Остроушко со седум голови, а пет постигна крилото Џукиќ. Кај ППД Загреб незапирлив беше капитенот Хорват кој постигна десет голови.
Ова е петтиот пораз за Еурофарм во осмиот натпревар од СЕХА лигата. На „фарамацевтите“ им остануваат уште два меча до крајот, и двата на гостински терен, најпрво кај Веспрем, а потоа кај Спартак Москва.