Ракометниот клуб Еурофарм Работник со соопштение ја информира јавноста за промена во стручниот штаб. Клубот взаемно го раскина договорот и објавува разделба со тренерот Стевче Алушовски.
„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.
Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси“.
Следниот официјален натпревар Еурофарм Работник го игра в сабота од 17:30 часот против Бидасоа Ирун во Битола.