Металопластика - Еурофарм Работник 27-26 (11-12)
Еурофарм Работник влезе во негативна серија во СЕХА лигата, откако загуби и на четвртиот натпревар по ред. Попладнево на гостувањето кај Металопластика во Шабац во дуел со возбудлив финиш, битолскиот тим беше поразен со 27-26.
Екипата на Алушовски добро започна и во деветтата минута поведе со 0-4. Сепак, иако, домаќините првиот гол го дадоа дури во десетата минута, се вратија во егал натпревар.
По 20 минути игра Еурофарм имаше и пет голови предност (10-5), но потоа започна падот. Македонскиот вицешампион полувремето го заврши со еден гол позитива (11-12).
Металопластика првпат поведе на четири минути до крајот 25:24, a веднаш потоа имаше и два гола предност. Еурофарм во претпоследната минута израмни на 26:26, о домаќините во последната минута дадоа уште еден гол за победа од 27:26.
Босанецот Вегар со осум гола беше најефикасен во составот на Еурофарм, а Јотиќ постигна седум. Најдобар на теренот беше Милан Милиќ од Металопластика со девет голови.
Следната сабота Еурофарм Работник го пречекува шпанскиот претставник Бидасоа Ирун во последното десетто коло на Лигата на шампионите.