Кокс - Еурофарм Работник 23-21 (13-13)
Ракометарите на Еурофарм Работник претрпеа нов минимален пораз во во Лигата на шампионите. Битолчани одиграа неизвесен меч со малку погодоци кој го загубија со два гола разлика.
Двете селекции се менуваа во водство во текот на целиот меч, Еурофарм Работник во два наврати имаше два гола предност, еднаш во првиот дел со 7-5 и во второто полувреме со 18-16, но домаќинот беше поснаодлив во финишот.
Тимот на Алушовски водеше со 21-20, но му дозволи на Кокс да ги даде последните три голови на мечот, домаќините направија мини-серија, постигна три гола и дојдоа до победа од 23-21.
По девет одиграни меча Еурофарм Работник е последен во групата со само две победи и седум порази.
Ловро Јотиќ со пет голови беше најефикасен во составот на Еурофарм Работник, а Украинецот Остроушко постигна четири.