Спортинг Лисабон - Еурофарм Работник 36-26 (17-11)
За разлика од претходните порази на Еурофарм Работник кои беа многу тесни, денес македонскиот вицешампион загуби убедливо со десет голови разлика. Натпреварот почна израмнето, но по 10. минута Спортинг почна да се одлепува. Со серија од 12- 2, домаќините дојдоа до предност од осум голови разлика, 16-8, па на полувремето заминаа со 17:11.
Во вториот дел иста слика на теренот, Спортинг Лисабон доминираше, имаше контрола врз резултатот и на крајот сосема заслужено победи со највисоки десет голови разлика 36:26.
Најефикасни во составот на Еурофарм Работник беа Остроушко и Јотиќ со по осум голови.
Во следното коло Еурофарм Работник следната недела го пречекува Савехоф.