По завршувањето на натпреварот во Прешов, тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски на прес-конференцијата кратко го опиша натпреварот и поразот на македонскииот вицешампион од 31-29.
„Личеше на реприза од натпреварот во Битола, со тоа што овојпат домаќинот скоро постојано водеше. Со десетина промашени зицери и многу технички грешки, не може да се победи противник како Татран Прешов.
Во вакви дуели мора да играте добро постојано, бидејќи противниците се искусни екипи од Лигата на шампионите и веднаш тоа го користат“, смета Алушовски.
На тимот на Еурофарм Работник му преостануваат уште четири натпревари во групата од Лигата на шампионите и можност да го поправат впечатокот.