Татран Прешов - Еурофарм Работник 31-29 (15-14)
Во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник го загуби петтиот натпревар, пак многу тесно и драматично. Во првото полувреме и двете екипи имаа свои периоди, и Татран и Еурофарм имаа водства со по три гола разлика, на одморот домаќините заминаа со предност од 15-14.
Во продолжението Еурофарм Работник повторно дојде до предност, овој пат од 23-22, но потоа следуваше серија од 5-0 на Прешов по која дојдоа до највисоко водство од 27-24.
Словаците успеаја да ја задржи предноста до крајот за да дојдат до победа од 31-29.
Остроушко со седум голови беше најефикасниот во составот на Еурофарм Работник, Јотиќ постигна пет, Џукиќ четири. Кај Татран незадржлив беше Рабек кој постигна десет голови.