Европската куќа на ракометот ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло на Лигата на шампионите. По репрезентативните обврски за време на ЕХФ неделата, веќе од четврток започнуваат натпреварите од редовното коло на најсилното европско натпреварување.
По репрезентативната пауза, на сцена се враќа Лигата на шампионите и настапите на Вардар и Еурофарм Работник во елитната конкуренција.
За натпреварот во Прешов против Татран, на Еурофарм Работник ќе им судат Французите Карим и Рауф Гасми, а делегат ќе боде Јанко Пожежник.
Натпреварот се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.