СЕХА лигата одреди нов термин за одигрувањето на натпреварот од Б групата меѓу Металопластика и Еурофарм Работник.
Дуелот во Шабац беше првично закажан за 11 ноември, но овој натпревар има нов термин, а тоа е 23 ноември, сабота од 13:00 часот.
Така, наместо по завршувањето од натпреварот во Лисабон, против српскиот претставник, битолчани ќе гостуваат по завршувањето на натпреварот против Кокс.