Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за настап на меѓународни пријателски натпревари во Турција. Бојан Маџовски и Мартин Велковски се двајцата ракометари на Еурофарм Работник кои ќе патуваат на турнирот во Ескишехир.
За време на ЕХФ неделата која ќе се одржи од 21 до 27 ноември во рамки на подготвителниот период за настап на Европското Првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпреви против репрезентациите на Турција и Грузија.
Натпреварите против селекцијата на Грузија ќе се одираат на 25 октомври во 20:00 часот и 26 октомври во 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Собирот е закажан за в понеделник со почеток во 17.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.