По три порази и една победа, Еурофарм Работник ги продолжува настапите во Лигата на шампионите и в недела од 17:00 часот го очекува дуел со шампионот на Словачка, Татран Прешов. На денешната прес-конференција во Битола, со новинарите зборуваа тренерот Алушовски и бекот Остроушко.
Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)
Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци од Шпанија, Хрватска...Секоја година играат во Лигата на шампионите ии СЕХА лигата и сигурно нивната вистинска сила не е местото на табелата во нашата група. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно.
Сите шест екипи во оваа група се изедначени, секој секого може да победи и против ниту една екипа не можете да кажете дека сте фаворит. Екипата е освежена, малку се одморивме од напорните патувања, но имаме проблеми со повредените ракометари. Неизвесни се Јотиќ и Стјепановиќ за неделниот натпревар, но без секого се може и се мора и кој и да настапи ќе го дадеме максимумот. Го анализиравме Татран и верувам дека ќе се радуваме на победа.
Владислав Остроушко
(РК Еурофарм Работник)
Во Лигата на шампионите нема лесен натпревар и секој натпревар е важен. Овој е посебно важен дуел и верувам дека ќе се радуваме на победа. Напорно тренираме, спремни сме и со помош на гледачите верувам дека можеме да победиме против Татран Прешов
Лехчински и Пиехора од Полска ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов, а делегат на ЕХФ е Јован Попадиќ од Србија.