Битола е во еуфорија, Еурофарм Работник запиша уште една победа во СЕХА лигата. Но, овој пат таа победа има многу поголема вредност, бидејќи е извојувана против двократниот шампион Веспрем. На прес-конференцијата по натпреварот зборуваа Стевче Алушовски и Елмир Граџан.
Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)
Честитки за навивачите и моите играчи. Горд сум за победата над еден европски гигант каков што е Веспрем. Во Лигата на шампионите забележавме неколку лоши резултати, но ова како да беше награда за тоа. Се надевам дека момците ќе започнат да веруваат во себе дека вредат многу. Уште имаат психолошка бариера за да дадат максимум, а јас искрено се надевам дека овој успех ќе ни помогне да започнеме да запишуваме резултати кои од нас се очекуваат
Елмир Граџан
(ракометар на Еурофарм Работник)
Сакам им се заблагодарил и да ги поздравам моите соиграчи кои оставија срце на терен. Навистина беше тежок меч, особено по несреќниот пораз во Шпанија. Им благодарам на љубителите на ракометот од Битола на кои им покажавме дека можеме да се надигруваме и со поквалитетни и со поголеми екипи од нас
Еурофарм Работник веќе в сабота гостува кај ППД Загреб во регионалната СЕХА лига.