Исто како и на натпреварот од минатото коло, Еурофарм Работник водеше со пет разлика и на крајот го загуби мечот, трет пораз по ред со негатива од еден гол. Еурофарм Работник го загуби и третиот натпревар во дебитантската сезона од Лигата на шампионите, и овој пат идентично како и претходните два, со еден гол разлика, 26-25 беше за Бидасоа.
Битолскиот тим покажа дека може да се носи и со Шпанците, но кога требаше само да ја одржува предноста, момците на Алушоски паднаа и го прокоцкаа водството кое го имаа.
Бидасоа Ирун - Еурофарм Работник 26-25 (11:-14)
Сала: Полидепортиво Мунисипал Артатеку во Ирун. Гледачи: 1.800
Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонжурек (Хрватска)
Бидасоа Ирун: Де Роса, Менендез, Муњоз 2, Серано 2, Барте Спис 1, Караско 1, Сери 1, Да Силва, Орбовиќ, Ренод, Тесориере, Забала, Де ла Салуд 8, Одриозола 5, Салинас 4, Азку 2
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Работник: Митревски, Чаневски, Остроушко 9, Стјепановиќ 6, Граџан 5, Јотиќ 2, Кузманоски, Ојлески, Радовиќ, Вегар, Шевелев, Велковски, Маџовски 2, Ѓукиќ 1, Чурлевски, Кукоски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути