Eурофарм Работник запиша нова победа во СЕХА лигата, откако вечерва ја совлада Металопластика во Битола со 32-21 (15-8).
Битолскиот тим имаше фуриозен старт на мечот, а големи заслуги за тоа одат на адреса на голманот Никола Митревски кој беше фантастичен. Битолскиот тим ја зголемуваше предноста и на одморот замина со позитива од седум голови разлика, 15-8.
Во вториот дел доминацијата на „фармацевтите“ продолжи, на три минути пред крајот ја имаа и најголемата предност од 13 разлика (32-19), но последните два гола ги дадоа гостите за конечен резултат од 32-21.
Ловро Јотиќ со осум голови од девет шута беше најдобриот поединец кај Металург, пет погодоци постигна Остроушко. Никола Митревски запиша 12 одбрани, а даде и еден гол.
Пред Еурофарм Работник е нов меч од Лигата на шампионите, играат против шпанскиот вицепрвак Бидасоа Ирун в недела попладне.