Ракометарот на Еурофарм Работник, Ловро Јотиќ е избран во идеалниот тим на второто коло на Лигата на шампионите. Бекот на македонскиот вицешампион постигна осум гола во поразот на битолскиот тим во Шведска против Савехоф со 25-24.
Идеален тим на второто коло:
Жоан Ледо Менендез (Бидасоа Ирун)
Лево крило: Себастијан Бартолд (Алборг)
Лев бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Харалд Раинкинд (Кил)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Кружен напаѓач: Хендрик Пекелер (Кил)
В недела напладне Еурофарм Работник му гостува на Бидасоа Ирун во третото коло на Лигата на шампионите.