По добрата игра против Спортинг Лисабон, Еурофарм Работник отпатува со амбиција да победи на гостувањето кај Савехов кој по квалитет е значително послаб тим од португалскиот. Работите се одвиваа одлично на почетокот, битолчани доминираа во првиот дел и по 30 минути игра имаа водство од 10-15.
Момците на Алушовски како веќе да почнаа да ја слават победата, во вториот дел влегоа поопуштено, домаќинот многу брзо ја стигна негативата од пет голови и потоа држеше водство кое дојде и до три разлика за Елверум. Еурофарм Работник во второто полувреме постигна само девет голови, прими 15 и на крајот го загуби мечот со 25-24.
Ловро Јотиќ беше најефикасен со осум гола, по три имаа Маџовски и Ѓукиќ, а Вегар двапати го погоди голот на Швеѓаните. Кај Савехоф, Сунајко и Карлсон петпати реализираа.