Европската ракометна федерација ги делегираше австриските судии Денис Болиќ и Кристов Хурич за натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите меѓу шведски Савехоф и нашиот Еурофарм Работник. Делегат на ЕХФ ќе биде Пер Молтен Содал од Норвешка.
Натпреварот се игра в среда од 19:00 часот во „Партиле Арена“ во близина на Гетеборг.
Делегацијата на Еурофарм Работник утрово со директен лет од Скопје пристигна во Гетеборг и вечерва првпат ќе тренира во „Партиле Арена“.