За првпат во историјата Еурофарм Работник ќе игра натпревар од Лигата на шампионите. В недела против Спортинг, екипата на Стевче Алушовски ќе го врати елитниот ракомет од најсилното европско клупско натпреварување во Битола по 13 години.
На денешната прес-конференција во Битола зборуваа тренерот Стевче Алушовски и капитенот Гоце Ојлески.
Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Работник)
Минатата сезона со организацијата на групната фаза на Лигата на шампионите, клубот ги положи сите тестови со највисоки оценки, верувам дека така ќе биде и сега.
Ќе играме на стартот со најсилната екипа во групата, па потоа следат две гостувања. Го анализиравме Спортинг, играа четири официјални натпревари и забележаа четири победи. Ќе се обидеме да најдеме игра за нив и да ги изненадиме. Радосен сум што се врати Остроушко. Штета што доаѓа без натпреварувачки ритам, но сигурно ќе го користиме во текот на сезоната, а и очекувам да добие шанса уште в недела.
Гоце Ојлески
(капитен на РК Еурофарм Работник)
Голема чест е што сме дел од Лигата на шампионите и што се натрпеваруваме со најдобрите во Европа. Спортинг е фаворит, не само на овој натпревар, туку и во групата, но кај нас владее позитивна енергија, добро сме подготвени и можеме да го изненадиме Спортинг.
Ердоган Курсад и Ибрахим Оздениз од Турција ќе го водат натпреварот, а делегат ќе биде Словенецот Томо Водопивец.