Eурофарм Работник во новата сезона ќе соработува со украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко. Украинецот се враќа меѓу битолчани и со него клубот добива нов избор за нападот и искуство во одбраната.
Остроушко минатата сезона играше во Еурофарм Работник, кратко се пресели во екипата на Дунареа од Романија, но во деновиве се врати назад и потпиша договор на една сезона со битолскиот клуб.
Остроушко ќе дебитира сезонава в недела против Спортинг во првото коло од Лигата на шампионите.