Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите која почнува следниот викенд. Првпат во историјата дел од елитата ќе биде младиот битолски клуб Еурофарм Работник.
Турците Ердоган Курсад и Ибрахим Оздениз ќе му судат на битолски Еурофарм Работник на дебито во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон на 15 септември во 17:00 часот.
Делегат на натпреварот ќе биде Словенецот Томо Водопивец.