На официјалната прес-конференција по натпреварот говореа тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски и капитенот Гоце Ојлески. Двајцата го искажаа задоволството што СЕХА Гаспром лигата е отворена со победа, но ветија подобри игри во иднина.
Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Работник)
Честитки за моите ракометари, но и за противникот за прикажаната игра. Одигравме во грч на почетокот и отворивме многу лошо, а Спартак тоа го казни. Ние не ги исполнивме нашите договорени работи од пред натпреварот, но подоцна истите ги коригиравме и се израдувавме на победата. Мора да се поправиме за да бидеме конкурентни во остатокот од СЕХА лигата. Јас сум победник и не би бил тренер ако не верував во победата и покрај лошиот старт. Не сме премногу задоволни од прикажаното и ова сигурно не е нашето најдобро светло.
Гоце Ојлески
(капитен на РК Еурофарм Работник)
Би сакал да им честитам на противниците за коректната игра. Игравме во грч, можеби затоа што е почеток на сезоната. Но оваа победа ќе биде голем мотив за нас и ќе ни даде самодоверба за она што следува во Лигата на шампионите.