Еурофарм Работник со убедлива победа од пет голови разлика над Спартак Москва дебитираше во СЕХА лигата, натпреварот во Битола заврши со 34-29 за македонскиот вицешампион. Стјепановиќ со десет голови беше најдобриот ракометар на Еурофарм Работник, пет пати реализираше Вегар. Десет одбрани имаше Никола Митревски. Кај Спартак Москва најефикасен беше поранешниот Вардарец, Александар Деревен со осум постигнати гола.
Еурофарм Работник - Спартак Москва 34-29 (15-13)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)
Еурофарм Работник:
Митревски, Чаневски, Ојлески 1, Маркоски 3, Маџовски 3, Чурлевски, Стјепановиќ 10, Радовиќ 2, Шевелев 3, Јотиќ 4, Вегар 5, Кукоски, Граџан, Ѓукиќ 3, Кузманоски, Петровски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Спартак Москва:
Сорокин, Никулин, Урбонас 6, Ковалев, Евдокимов, Фокин 1, Коршунов 2, Виноградов 2, Рјабов 1, Радојевиќ 4, Деревен 8, Шкопинцев 2, Афлитулин 2, Шелестјуков 1, Самарски, Цакаријас
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Следниот натпревар во СЕХА лигата Еурофарм Работник го игра дури на 23. септември кога го пречекува тимот на Металопластика.