Вицешампионот на Македонија Еурофарм Работник се соочува со првиот проблем во новата сезона. Словенечкиот среден бек Анже Ратајец се повреди на Струшкиот турнир,па неизбежна беше операција и денес беше извршен зафат во клиниката „Систина“ во Скопје.
За него голем дел од сезоната е завршена и се предвидува дека ќе се врати на ракометните терени по новогодишните празници. Некогашниот ракометар на Горење и Тримо Требње требаше да биде големо засилување за битолчани во европските натпреварувања. Сепак, повредата драстично ги менува плановите на битолчани во продолжувањето на сезоната.
В среда од 20:45 часот Еурофарм Работник дебитира во СЕХА лигата против Спартак Москва.