Денес пристигна и петтото засилување на Еурофарм Работник за новата сезона. 29-годишниот лев бек од БиХ, Марин Вегар потпиша договор до крајот на сезоната, а во Битола доаѓа од редовите на романска Стеауа. Вегар денес позираше во новиот дрес, откако претходно ги мина лекарските прегледи.
Во својата кариера десниот бек настапуваше и за хрватскиот Нексе Нашице и за босанскиот Извиѓач.
Претходно за Еурофарм Работник потпишаа Никола Митревски, Мартин Велковски, Бојан Маџовски, и Анже Ратајац. За разлика од минатата сезона клубот го напуштија Мемиќ, Кузмановски и Крстевски.
Битолчани за ривали во групата Ц на Лигата на шампионите ги добија шведскиот Савехоф, словачки Татран, финскиот Кокс, шпанска Бидасоа Ирун и португалскиот Спортинг.