По настапите во Челинџ Купот и ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник годинава ќе дебитираат во натпреварите од Лигата на шампионите. Денес во Виена беа извлечени групите за првата фаза од натпреварувањето.
Ц група:
Еурофарм Работник
Савехоф
Татран Прешов
Кокс
Бидасоа Ирун
Спортинг Лисабон
Д група:
Динамо Букурешт
Кристијанштад
Чеховски Медведи
Кадетен Шафхаузен
Висла Плок
ГОГ Гудме
Првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите ќе се игра од 11 до 15 септември, а финалниот турнир е во мај следната година во „Ланксес Арената“ во Келн.