Еурофарм Работник е сместен меѓу 12-те тимови кои ќе се натпреваруваат во групите Ц и Д на Лигата на шампионите. Пред ждрепкката в четврток битолчани се класифицирани во шеширот број 4, а шведскиот Савехоф е првиот сигурен противник. Останатите четири ќе бидат познати в четврток од 18:00 часот во Виена.
ШЕШИР 1: Динамо Букурешт (Романија), Савехоф (Шведска).
ШЕШИР 2: Чеховски медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка).
ШЕШИР 3: Кокс (Финска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).
ШЕШИР 4: ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (Македонија), Кристијанштад (Шведска).
ШЕШИР 5: Бидасоа Ирун (Шпанија), Висла Плоцк (Полска).
ШЕШИР 6: ГOГ Гудме (Данска), Спортинг (Португалија)
Лигата на шампионите официјално почнува од 11 до 15 септември.