Петти натпревар и четврта победа за Еурофарм Работник во рамките на плеј-офот на Суперлигата. Екипата на Алушовски пак победи во главниот град, откако пред три недели славеше против Металург. Во пладневниот термин падна Бутел со одличен финиш на првото и комплетно второ полувреме.
Бутел - Еурофарм Работник 25-30 (14-15)
Спортска сала Бутел. Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Николов и Славе Начевски (Скопје)
Бутел:
Панченко, Трајковски, Лазаровски, Младеновски 8, Божиновски, Лесански, Спасовски 1, Мојсовски 4, Ѓорѓиевски 1, Николов 2, Печенковски 3, Давидовиќ 1, Блажевски, Григориев 3, Василевски 1, Мајиќ 1
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Работник:
Трајковски, Чаневски, Ојлевски 1, Марковски 1, Д. Петровски, Пецаковски, Чурлевски, Стјепановиќ 5, Мемиќ, Кузмановски 9, Радовиќ 2, Кукоски, Остроушко 6, Граџан, Ѓукиќ 3, М. Петровски 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути
Следни противници на Еурофарм Работник треба да бидат Вардар и Металург, а термините дополнително ќе бидат познати.