Еурофарм Работник ги совлада Охрид и Вардар Јуниор во рамките на групата 1 од Купот на Македонија во Битола и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Во финалниот меч битолскиот состав го победи Вардар Јуниор со 38-27.
Најефикасен во составот на Еурофарм Работник беше Филип Кузмановски со седум гола, а во екипата на Вардар Јуниор Дејан Кукуловски постигна 13 погодоци.
Полуфинални мечеви:
Вардар Јуниор го совлада Астраион со 34-22 (16-11). Најефикасни поединци кај победничката екипа беа Димов со осум и Кукуловски со шест погодоци, а во таборот на Астраион се истакна Стојанов со девет гола.
Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Охрид им припадна на домаќините, кои славеа со 34-20 (19-10). Во тимот на Алушовски се истакнаа Филип Кузмановски со седум и Гоце Ојлески со шест гола, а кај охриѓани најдобри стрелци беа Тасески и Димитријески.