Во можеби клучниот натпревар во тековната сезона, Еурофарм Работник убедливо го совлада Металѕрг среде Скопје и ги запиша првите бодови во плеј-офот. По првите минути на израмнета борба, во кои екипите се менуваа во водството, токму гостите направија исчекор и со серија од 3-0, дојдоа до водство од 8-11. Од тој момент, па се до крајот на средбата, предноста беше во посед Еурофарм Работник. Првото полувреме заврши со резултат 12-13.
Во вториот дел проработе Кузмановски, предноста растеше, а ракометарите од клупата само го дотолчија ривалот за финална победа од убедливи седум разлика.
Спортска сала Автокоманда - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
Металург – Еурофарм Работник 25:32 (12:13)
Металург:
Томовски, Дупјачанец, Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски 1, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски 7, Серафимов 5, Маџовски 3, Арсеновски, Стојановиќ 1, Миличевиќ 1, Шпенде 4, Пучник 1, Чориќ
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Ојлески 3, Маркоски 4, Петровски, Пецаковски 1, Талевски, Стјепановиќ 3, Кузмановски 8, Радовиќ 1, Чаневски, Кукоски, Остроушко 3, Бардакоски, Граџан 1, Ѓукиќ 7, Петровски 1
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 10 минути